Коронките се протетски изработки кои целосно го прекриваат забот и го заштитуваат од сите страни. Индикација за изработка на коронки се премногу оштетени заби, дисколорирани заби, девитализирани заби.
За да се изработи коронка потребно е забот да се препарира на специјален начин, да се земе отпечаток, а потоа изработената коронка да се цементира со што ќе се обезбеди максимално зацрвстување.
УЛОГАТА НА КОРОНКИТЕ
Улогата на коронките е од естетска, фонетска и функционална природа каде треба да се зголеми изгубената моќ на веќе ослабениот коронарен дел од забот.
ГЛАВНИ НДИКАЦИИ ЗА ИЗРАБОТКА НА КОРНКА СЕ:
- премногу големо оштетување на забот кое не може да биде надополнето со пломба.
- ако забот е ендодонтски третиран и не може да го издржи соодветниот притисок за џвакање
- да се препокрие имплант
- кај пациенти со изразена абразија и бруксизам
ПОСТОЈАТ НЕКОЛКУ ТИПОВИ НА КОРОНКИ:
- метал керамика (неколку типови)
- без метална керамика (циркониум диоксид со порцелан – CAD/CAM)
17.345 thoughts on “Коронки”