Порцеланските мостови се протетски изработки кои обезбедуваат премостување на дел од забниот низ каде недостасуваат заб/и. Индикација за изработка на мостови се недостаток на заб/и.

За да се изработи порцелански мост потребно е да се препарираат на специјален начин забите, да се земе отпечаток, а потоа изработениот мост да се цементира со што ќе се обезбеди максимално зацрвстување.

Улогата на порцеланските мостови е од естетска, фонетска и функционална природа каде треба да се надокнадат изгубените заби со членови на мостот и да се обезбеди повторно забен низ.

 

ГЛАВНИ НДИКАЦИИ ЗА ИЗРАБОТКА НА КОРНКА СЕ

  • надокнадување на изгубени заби во простор меѓу два заба
  • доколку еден заб е по малку издржлив поради ендодотско третирање па се врзува со еден појак заб
  • да се препокријат два импланти меѓу кои има простор за еден или два заба

 

ПОСТОЈАТ НМЕКОЛКУ ТИПОВИ НА ПОРЦЕЛАНСКИ МОСТОВИ

  • метал керамика (неколку типови)
  • без метална керамика (циркониум диоксид со порцелан- CAD/CAM)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.